Административен термин - категорија

царина повеќе

мн. царини
Вид збор: Именка, женски род
Давачка што се плаќа за увоз, извоз и транзит на стоки.
Англиски: customs duty Албански: dogana
Примери:
Подлежи на царина.
Управа што наплатува царински давачки.
Англиски: customs Албански: dogana
Примери:
Стоката сѐ уште е на царина.

царинарник повеќе

Види и: цариник (м.)
мн. царинарници
Вид збор: Именка, машки род
цариник
Англиски: customs officer

царинарница повеќе

мн. царинарници
Вид збор: Именка, женски род
Државна установа што врши контрола над увезувани и извезувани стоки.
Англиски: customs Албански: zyra doganore
Примери:
Откако му бил прегледан пасошот и запишано името во регистарот, тој го однел куферот на преглед во царинарницата.

царинење повеќе

Види и: царини (несв.)
царинењето
Вид збор: Именка, среден род
царини
Албански: doganim
Примери:
стоки за царинење

царини повеќе

царинат
Вид збор: Глагол, несвршен
Определува износ на царина.
Англиски: determine duty
Примери:
Не ми ја царинеа машината.

цариник повеќе

мн. цариници
Вид збор: Именка, машки род
службеник на царинарница
Англиски: customs officer Албански: doganier

царински повеќе

царинска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува а царина.
Англиски: customs Албански: doganore
Примери:
Царински преглед.

цензор повеќе

мн. цензори
Вид збор: Именка, машки род
Службено лице што врши цензура.
Англиски: censor Албански: cenzues

цензус повеќе

Види и: ценз (м.)
мн. цензуси
Вид збор: Именка, машки род
Организирано прибирање на разни податоци кое се спроведува во една држава.
Англиски: census
Примери:
Цензус на населението во Република Македонија.

центар повеќе

мн. центри
Вид збор: Именка, машки род
Места каде што е сосредоточена некаква дејност, каде што се наоѓа некое раководство, управа.
Англиски: center
Примери:
Центарот на востанието беше во Босна.
Раководен орган на организација, управа и сл.
Англиски: center
Примери:
Директиви идеа од центарот.
Како составен дел на називот на некои установи.
Англиски: center
Примери:
воздухопловен центар

централизација повеќе

централизацијата
Вид збор: Именка, женски род
Сосредоточување на голем дел од државните функции во централните установи.
Англиски: centralisation Албански: centralizim

циркулар повеќе

мн. циркулари
Вид збор: Именка, машки род
Директивен распис до потчинети организациони единици и поединци, окружница.
Англиски: circular Албански: cirkular, qarkore
Примери:
Циркуларот на Секретаријатот.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш